10% онлајн попуст на сите производи до 31.01.2024
/eurofarmmk /eurofarmmk
ЕУРОФАРМ АПТЕКИ

Нашата Компанија

Почетна  /  За Нас

ПЗУ Аптеки ЕУРОФАРМ

Фармацевтската компанија ПЗУ Аптеки ЕУРОФАРМ е основа на 09 12 2000 година, кога во просторот на супермаркетот Веро 2 во населбата Тафталиџе – Скопје, е отворена првата аптека од денешниот ланец на аптеки на ЕУРОФАРМ. Од тогаш до денес, водејќи се по начелата на Добрата аптекарска пракса и придржувајќи се кон своето мото “Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје” стручниот тим на нашата компанија, заедно со менаџментот на истата, успева да го создаде и успешно одржува македонскиот аптекарски супербренд ЕУРОФАРМ. Потврда за тоа се огромниот број на наши задоволни пациенти, клиенти и потрошувачи кои во изминатите 23 години го препознаа квалитетот на нашата работа, високото ниво на стручност и фармацевтската грижа и кои ни ја дадоа нивната довербата. Аптеките ЕУРОФАРМ, четири години по ред од 2013 па се до денес, официјално се избрани за СУПЕРБРЕНД во аптекарскиот сектор во нашата држава. Резултатот на нашата 23 годишна работа се денешните 122 аптеки во кои работат повеќе од 500 стручни лица.