/eurofarmmk /eurofarmmk
ЕУРОФАРМ АПТЕКИ

ИБУПРОФЕН актив таблети 30 x 200mg

Почетна  /  ИБУПРОФЕН актив таблети 30 x 200mg

ИБУПРОФЕН актив таблети 30 x 200mg

Опис на производ:

​Терапевтски индикации


- Намалување на покачена телесна температура
- Менструална болка
- Забоболка
- Главоболка и мигрена
- Болки во грбот
- Болки во зглобови поради повреди (изместување, шинување, истегнување)
- Дегенеративни промени на коските и зглобовите (спондилоза, остеоартрит)


- Ревматоиден артрит

- Повреди на меките ткива
- Постоперативна болка


Општи податоци


Во зависност од должината на трањето на болката треба да се одреди и третманот, бидејки лековите кои се користат за третман на болка, обично се штетни за некој друг орган, па секогаш треба да направиме евалуација на тоа што добиваме, а што може да се јави како последица.
Обично послабите аналгетици се побезбедни, додека појаките се поефикасни, но тие пак можат да предизвикаат болки и оштетување на други органи (желудникот, црниот дроб) или да предизвикаат несакани компликации кај оние со срцеви заболувања.
Затоа секогаш треба да се одбере најбезбедниот, а сепак ефикасен аналгетик.
Ефикасноста, добрата подносливост и безбедениот профил влијаат на тоа да ибупрофенот долго се задржи во клиничката пракса. Во однос на другите нестероидни антиинфламаторни лекови, тој има еден од најниските ризици за развој на гастроинтестинални компликации, ниска хепатотоксичност и поволен кардиоваскуларен профил со низок ризик од појава на несакани дејства.
Ибупорфен е аналгетик кој е безбеден за желудникот и кај пациенти со срцеви заболувања.


Состав


1 филм-обложена таблета содржи 200 mg ибупрофен.


Употреба


Возрасни и деца над 12 години
- 400 mg – 600 mg на секои 6-8 часа, а најмалку на 4 часа.
- Максимална дневна доза е 2400 mg
- Доза на одржување е 600 mg -1200 mg дневно
- Филм-обложените таблети треба да се земат во тек на оброк или после оброк, со чаша вода


Пакување


Кутија со 30 филм-обложени таблети од 200 mg во блистер пакување.



30x200mg
Цена на производ:

127 ден.

Производи ИБУПРОФЕН актив таблети 30 x 200mg

Сподели:

Препорачани Производи

Слични производи