/eurofarmmk /eurofarmmk
ЕУРОФАРМ АПТЕКИ

ФОРВИТА мултивитамински сируп за деца 120 ml

Почетна  /  ФОРВИТА мултивитамински сируп за деца 120 ml

ФОРВИТА мултивитамински сируп за деца 120 ml

Опис на производ:

​Мултивитамински сируп


Подобро здравје за нашите деца
Подобар имунитет
Силни коски и здрави заби


Општи податоци


Додаток на исхрана


ФОРВИТА® КИДС мултивитаминскиот сируп за деца е комбинација на витамини неопходни за здрав развој на децата. Со употребата на овој сируп се задоволуваат зголемените потреби на телото за витамини и се дополнува нивниот недостаток во исхраната.

Витаминот Ц придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, ја зголемува апсорпцијата на железо и придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес. Витаминот Д придонесува за одржување на нормални коски и за одржување на нормални заби и за нормална апсорпција на калциум. Витамините Б6 и Б12 придонесуваат за нормална функција на нервниот систем. Дополнително, Витамините Б1, Б2, Б6, Б12 и пантотенска киселина придонесуваат за нормален енергетски метаболизам. Витаминот А придонесува за одржување на нормален вид и за одржување на нормални мукозни мембарни.



Состав


1 мала лажичка 5ml содржи:


- Витамин А 351µg
- Витамин Ц 40 mg
- Витамин Д3 2,5 µg
- Витамин Б1 0,7 mg
- Витамин Б2 0.8 mg
- Витамин Б6 0.6 mg
- Витамин Б12 0.7 µg
- Пантотенска киселина 2.1 mg
- Витамин Б3 5 mg



Употреба


Деца од 1-14 годишна возраст: 1 лажичка (5 ml) на ден.
Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.



Важно при употреба


Пред употреба на производот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт ако Вашето дете зема други лекови или има било каков медицински проблем. Производот да не се употребува доколку постои преосетливост на некоја од составните компоненти на производот. Доколку се појави преосетливост, треба да се престане со употреба. ФОРВИТА® КИДС мултивитаминскиот сируп за деца содржи шеќер сахароза. Ако Ви е кажано од Вашиот лекар дека Вашето дете не поднесува некои шеќери, пред да го употребите овој производ контактирајте го лекарот.



Пакување


Кутија со стаклено шише со 120 ml сируп, пластична лажичка за дозирање и внатрешно упатство.



120ml
Цена на производ:

292 ден.

Производот во моментот е надвор од залиха!

Производи ФОРВИТА мултивитамински сируп за деца 120 ml

Сподели:

Препорачани Производи

Слични производи